Дури и ако се произведе вакцина за коронавирус, животот нема да се врати во нормала на пролет, предупреди група водечки научници.
Вакцината често се гледа во оваа ситуација како свет грал што ќе ја запре епидемијата во тој момент. Сепак, во извештајот на научниците составен од Кралското друштво за унапредување на природните науки во Лондон се вели дека треба да бидеме реални во однос на вакцините.
Истражување: Доналд Трамп е најголемиот дезинформатор за Ковид-19
Тие предупредуваат дека епидемиолошките мерки треба постепено да се олеснуваат бидејќи вакцинацијата може да трае една година, пренесува Би-Би-Си.
„Вакцината нуди надеж за крај на пандемијата, но знаеме дека историјата на развој на вакцините е исполнета со низа грешки“, рече др. Фиона Кали од Националниот институт за срце и бели дробови.
Постои оптимизам кај научниците затоа што работите се случуваат со голема брзина. Повеќе од 200 видови вакцини за коронавирус се развиваат ширум светот. Но, Кралското друштво предупредува дека тоа може да биде подолг процес.
Во Иран секои 23 секунди се инфицира по еден човек со Ковид-19
„Штом вакцината стане достапна, тоа не значи дека сите луѓе ќе ја примат вакцината во рок од еден месец. Зборуваме за шест, девет месеци, можеби и за една година”, рекоа тие, додавајќи: „Нема шанси животот одеднаш да се врати во нормала во март“.
Првите резултати од развојот на вакцините покажуваат дека тие го стимулираат одговорот на имунитетот, но студиите сè уште не докажале дека ова е доволно за да се обезбеди целосна заштита од Ковид-19.