Дупчиња на образите – зошто се јавуваат и кое е значењето?

Сподели со своите пријатели

Околу 20% од луѓето во светот имаат дупчиња на своите образи, а за поголемиот дел тие се симптаични, а за други дури и сексапилни.

Loading...

Тие симболизираат вечна младост, што и не е за чудење со оглед на тоа дека оние кои ги имаат изгледаат помладо. Во некои култури се верува дека тие носат успех и среќа.

Кај некои луѓе овие дупчиња на образите постојано се гледаат, а кај некои само кога ќе се насмејат. Се случува и некои да имаат само на едната страна од лицето, но зошто едните имаат, а другите не?

Овие дупчиња настануваат поради недостаток на мускулни влакна, односно недоволно развиени мускули, а со време можат да се пополнат и да исчезнат. На пример, децата често имаат дупчиња на образите, но кога ќе пораснат често исчезнуваат. како и дупчињата на брадата и тие се наследни.

Доколку ги има едниот родители постојат 25 до 50% шанси да ги имаат и децата. Доколку ги имаат двајцата родители тогаш шансите се уште поголеми, односно од 50-100%.

Leave a Reply