Демократската унија за интеграција (ДУИ) прогласи победа на локалните избори во Липково.
Вечерва на прес конференција лидерот на ДУИ Али Ахмети од седиштето на партијата прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница.
Во вториот круг влегуваат во битка во општините Тетово и Струга.
„Сакам да им се заблагодарам на сите наши лојални гласачи кои беа решени за духот, животната агенда на ДУИ. ДУИ води значително во општина Тетово, води значително во општина Чаир, води значително во Општина Кичево, води значително во општина Струга. Значително води во општините Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново, Долнени“, рече Али Ахмети, додавајќи дека во Дебар ДУИ ќе оди во вториот круг, додека во Гостивар ги зголемила гласовите но дека нема конечни резултати.
Според официјалните информации на Државната изборна комисија во Липково обработени се 14.810 гласови односно 56,87 отсто од нив. Остануваат резултатите од вкупно 14 избирачки места во оваа општина.
Со 73,79 отсто од гласовите, односно 4.294 гласови води кандидатот на ДУИ Еркан Арифи, зад него со 15,21 отсто или 885 гласови е Арсим Идризи кандидат на Алијанса за албанците и Алтернатива.
Вкупно 6,38 отсто од досега обработените гласови биле за кандидатот на БЕСА Љуан Рамадани, додека Евзи Јашари од ДПА освоил 2,29 отсто од гласовите, односно 133 гласови.
Никола Ивановски