Рускиот бизнисмен Константин Малофеев на Телеграм ја објави првата изјава на филозофот Александар Дугин по убиството на неговата ќерка Дарија.
„Како што сите знаете, како резултат на терористички напад извршен од нацистичкиот украински режим, мојата ќерка Дарија Дугина беше брутално убиена во експлозија пред моите очи. Таа беше убава православна девојка, патриот, воен дописник, експерт за централни канали и филозоф. Нејзините говори и известувања секогаш беа длабоки, приземни и воздржани. Таа никогаш не повикуваше на насилство и војна. Таа беше ѕвезда во подем на почетокот на нејзиното патување. Непријателите на Русија ја убија подло, скришум“, се вели во пораката на Дугин на Телеграм.
Тој нагласи дека рускиот народ „не може да биде скршен ниту со такви удари“ и дека украинскиот режим нема да го постигне тоа што го сака.
„Сакаме само наша победа. Ќерка ми го положи моминскиот живот на својот олтар. Затоа победи, ве молам“, додаде тој.
ФСБ претходно објави дека убиството на Дарија Дугина е расветлено и дека зад тоа стојат украинските тајни служби.
„Како резултат на комплексни итни оперативни и истражни мерки, Федералната служба за безбедност го реши убиството на руската новинарка Дарија Дугина, родена во 1992 година“, нагласуваат од ФСБ.
Специјалната служба утврдила дека „злосторството го подготвиле и извршиле украинските специјалци“, а негов сторител е украинската државјанка Вовк Наталија Павловна, родена 1979 година.
Според ФСБ, таа пристигнала во Русија на 23 јули 2022 година, заедно со нејзината ќерка Шабан Софија Михајловна, родена во 2010 година.
Вовк и Шабан на денот на убиството биле на литературно-музичкиот фестивал Традиција, каде Дугина била почесен гостин“, соопштија од ФСБ.
Да потсетиме, Дугина беше убиена во саботата вечерта кога и експлодираше автомобилот.
Таа присуствуваше на книжевна вечер во близина на Москва со нејзиниот татко Александар Дугин, долгогодишен советник на Владимир Путин, кој ги доби прекарите „Мозокот на Путин“ и „Распутин на Путин“.
Иако bilo планирано заедно да се вратат во руската престолнина, Дугин во последен момент реши да земе друг автомобил.
Многумина шпекулираа дека тој бил вистинската цел на атентатот, но тоа се уште не е потврдено од истрагата.
Кремљ веднаш ја обвини Украина за убиство на Дугина, но канцеларијата на украинскиот претседател ги негираше овие наводи.
„Гледав како мојата ќерка умира“
Судејќи по снимката која ја објавија руските медиуми, автомобилот во кој се наоѓала Дарија е целосно уништен.
На местото на настанот меѓу првите пристигнал и самиот Александар Дугин. Тој ја следел својата ќерка во друг автомобил и бил сведок на нејзината смрт.
На социјалните мрежи се појави видео од Дугин на местото на несреќата, на кое се гледа како шокирано ја држи главата додека гледа во запалениот џип.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.