Дубаи немаше огномет за Нова година, но сите гледаа во спектаклот на небото (видео)

Сподели со своите пријатели

Дубаи постави рекорд во најголемото ласерско шоу во светот, кое е приредено на највисоката зграда во светот, Бурџ ал Калифа, која е висок 828 метри.

Со ласери на спектакуларен начин е прикажана арапска калиграфија, геометриски шари и портрет на шеикот Заед, кој бил првиот претседател од Обединетите Арапски Емирати. Оваа година за оваа земја ќе биде во занокт на неговиот лик, а и самата прослава е во негова чест наречена „Осветлете ја 2018“.

 

Loading...

 

Со овој спектакл, во кој со ласери е прекриена површина од 109.252 квадратни метри, соборен е претходниот рекод од Хонконг кога таквата површина на зградата „ИЧ“ изнесуваше „само“ 46.641,52 квадратни метри.

Дубаи поради безбедноста се откажа од огномет, па одлучи оваа зграда да биде местото на новогодишната прослава која засгиурно ќе се памети.