ДСЗИ со вонредни инспекции надзори за помладите лица кои му подлегнуваат на Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Во ковид-статистиката вчера беше регистриран нов случај на починато младо лице. Се работи за 33-годишен пациент од Скопје. За починатите млади лица, ДСЗИ досега иницираше 25 вонредни инспекциски надзори, од кои 11 се во тек. Се очекува ДЗСИ да иницира надзор и за починатиот 33-годишен скопјанец.

Loading...

Тој е еден од 29-те починати кои беа регистрирани во претходното деноноќие од кои 12 се од Скопје, (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64 г.), два од Куманово (63 и 82 г.), тројца од Прилеп (76, 67 и 87 г.), двајца од Тетово (65 и 72 г.), еден пациент од Струга (81г.), двајца од Велес (77 и 80 г.), двајца од Битола (64 и 65 г.), двајца од Гостивар (63 и 74 г.), еден пациент од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73 г.).

Трендот на намалување на новозаразени продолжи и вчера, регистрирани 883 случаи од направени 2827 тестирања. Покрај тоа, беа забележани и 536 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 77134, бројката на оздравени е 52949, на починати е 2254. Бројот на активни случаи изнесува 21931 од кои најголем дел се од Скопје (11713).

Во останатите градови бројот на активни случаи е следен – Куманово активни 613, Прилеп 868, Тетово 986, Битола 815, Гостивар 717, Струмица 616. Во другите градови има помалку од 500 заразени.

Досега во земјата се направени вкупно 376.565 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1271 и има околу 240 празни болнички кревети.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 794 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Loading...

Во Скопје се хоспитализирани 477 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19.

Најмногу има на Клиниката за инфективни болести, каде лежат 144 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.

И покрај големиот број на приеми во текот на завчерашниот ден, вчера имаше околу 40-тина слободни места.

– Неделните пресеци укажуваат на тоа дека Р0 факторот на трансмисија на вирусот се намалува, но внимателни сме затоа што се можни изненадувања, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче во обраќањето на Тематскиот форум „Справување со кризата со (не)доволни ресурси“, организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка и Цивика мобилитас.

Според него, неблагодарно е да се каже дали ова ќе биде тренд или ќе продолжи да се шири.

– Доколку продолжи вака како што е изминативе неколку недели – да, ќе биде тренд, но внимателни сме затоа што се можни изненадувања, затоа што очигледно овој вирус не го прати моделот на вируси од истата група на вируси во кои се јавува. Имавме еден тренд на стабилизација прво, па сега и намалување и внимателни сме, пратиме како ќе биде овој период пред нас, рече Филипче.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во своето обраќање на форумот посочи дека Главниот штаб работи според акциски план чија основна надлежност е борбата против Ковид-19, намалување на ширењето на заразата и бројот на болни, за да се намали притисокот врз здравството во нашата држава.

Тој посочи дека едно од основните цели во овој акциски план е и подигање на јавната свест и совест на населението за почитување и примена на мерките и препораките за лична заштита.

Loading...

Според него, невладиниот сектор има голема улога во јакнење на јавната свест, а очекува во иднина и да биде уште поголема.

Вчера стигна ветување од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји дека вакцините против Ковид-19 за Западниот Балкан ќе бидат дистрибуирани во исто време со вакцините за ЕУ.

На состанокот со еврокомесарот Вархеји, присуствуваше и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, а на него министрите од регионот размениле информации за состојбата и подготвеноста за набавка на вакцините против Ковид-19, како и за плановите за реализација на вакцинација на приоритетните групи.

Вицепремиерот Димитров, од своја страна, посочил дека во период кога набавувањето на вакцината претставува врвен приоритет, ваквата иницијатива на Европската Унија е од исклучителна важност.

– Фактот што овие вакцини ќе бидат првите кои Северна Македонија ќе ги има на располагање е јасен сигнал дека Западниот Балкан е неизоставен дел од политиките на солидарност на Унијата, во моментите кога тоа е најпотребно, истакнал Димитров.

Ирена Радовановиќ

Leave a Reply