Државјанка на Словачка приведена на Табановце

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишна државјанка на Словачка била приведена вчера на Граничниот премин Табановце, бидејќи била барана преку Интерпол.

Loading...

– На 20.10.2024 во 12.45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода И.К.(35) од Словачка, затоа што при извршена проверка било констатирано дека била барана од Интерпол–Словачка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, таа била предадена на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во среда по 17. пат „Дедо мраз на мотор“ во Куманово