Државјанка на Албанија се обидела со туѓ пасош да премине на Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишна државјанка на Албанија вчера била приведена на Граничниот премин Табановце, откако било утврдено дека се обидува да ја мине државната граница со патна исправа  на туѓо име.

Loading...

– На 03.12.2021 во 15.00 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, при пасошка контрола на Е.С.(24) од Р.Албанија било констатирано дека се послужила со туѓа патна исправа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што пијаснуваат од полицијата, извршен бил претрес над неа и багажот, при што не биле пронајдени нејзините оргинални документи, а по извршена дополнителна проверка било утврдено дека лицето поседува албанска лична карта со нејзиниот вистински идентитет, на име Н.С.(31) од Република Aлбанија.

Таа била приведена и предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски