Државјанин на Турција исчезна во водите на Мавровско Езеро

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот дел околу 15,20 часот В.С.(66) од Република Турција исчезнал во водите на Мавровското Езеро на потегот помеѓу Бунец и Леуново.

Loading...

Истиот заедно со неговиот роднина Х.Р.(38) од Скопје влегле во езерото по што Х.Р. почнал да плива кон спротивниот брег, а истото сакал да го направи и В.С., но на половина пат од засега неутврдени причини потонал и наеднаш го снемало под површината на водата.

Неговото исчезнување телефонски го пријавил риболовец, кој се наоѓал во непосредна близина. На местото на настанот веднаш пристигнале службеници од ПО Маврово како и увидна екипа од ПС Гостивар. Местото на исчезнувањето повеќе пати е пребарано со чамец за да се пронајде В.С., но досега истиот не е пронајден.

Повикани се специјални нуркачки екипи на МВР, кои од утрово година интензивно го пребаруваат тој дел дел од езерото.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.