Државјанин на Грција нападнал цариник на Табановце

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишен државјанин на Грција вчеравечер се однесувал агресивно и нападнал службено лице од македонската царина на Граничниот премин „Табановце“.

Loading...

– На 18.05.2022 околу 21.30 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Н.(42) од Република Грција, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, грчкиот државјанин, се однесувал агресивно и физички нападнал царински службеник кој вршел царинска контрола на неговото товарно возило со кое пристигнал на преминот.

Н.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски