Државјани на Србија и Турција приведени на Табановце

Сподели со своите пријатели

Две лица, едниот државјанин на Србија, вториот на Турција, во два одделни случаи вчера биле приведени на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 16.06.2021 во 05.10 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службенци го лишиле од слобода Х.Д.(57) од Р.Србија, бидејќи при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа на „Стоп-листа“, по барање од Интерпол, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– На 16.06.2021 во 17.45 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле Т.О.(42) од Р.Турција бидејќи при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана патна исправа, велат од МВР.

Лицатља биле предадени на полициски службенци од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply