Државните институции ќе започнат да се подготвуваат за периодот кој сите го очекуваме, денот кога ќе стави крај на коронавирусот во земјата, а за таа цел, како што објасни министерот за здравство Венко Филипче, ќе се подготвуваат економските оператори, стопанствениците и рестораните со цел етапно да се врати животот во нормала, додека на сила се најстрогите мерки.
Како што рече министерот, во фаза сме кога се воведени најстроги мерки за рестрикција на движењето. Се очекува кон крајот на април да се достигне врвот и потоа животот да се враќа во нормала заедно со целиот работен процес во државата.
– Нема да може така лесно целокупниот работен процес, но и животот да се врати во нормала со ист интензитет имајќи го предвид искуството на некои други земји и предвидувањата затоа што постои ризик и за втор пик на новозаболени пациенти. Во таа насока следната недела зпаочнуваме интензивна комуникација со стопанските комори на кои што од наша страна ќе им се даде јасна наоска на економските оператори, производствените капацитети и ресторани како работниот проес да го оргнаизираат за да кога ќе се одлучи дека е дојден момент да се отстранат овие мерки, целиот тој процес постепено се врати во нормала, изјави Филипче.
Како што рече министерот, исклучително е важно да се почитуваат сите мерки, бидејќи со моменталната рестрикција сме поблиску до целта, а тоа, како што вели, е да се спречи ширењето на вирусот да се сочува здравјето.
– Сакам сите да се свесни дека ова е влог за подобро здравје утре. Навремено воведовме мерки, сметам дека го амортизиравме ударот врз здравствениот систем, лекарите не отстапија, сметам дека сите граѓани треба да го следат примерот, да се даде поддршка и да се почитуваат мерките, изјави министерот.
Како што појасни тој, за кратко време ќе дојде денот кога ќе може животот да се врати на нормален колосек.
Никола Ивановски