Другарки тргнале на годишен одмор и доживеале несреќа: Три загинале, а четвртата го загубила бебето (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Три девојки загинаа, а нивната пријателка изгуби бебе во страшна сообраќајна несреќа на „патот на смртта“ во Аргентина, додека тие славеле крај на заклучувањето од ковид.

Loading...

Чаро Алварез Амадо (26), Софија Дуро (26), Флоренсија Бариос (25) и Микаела Крино Пачер (25) биле на пат кон куќата на една другарка на плажа. Тие тргнале од нивниот роден град Ла Плата во Аргентина.

Девојките, кои се другарки уште од основно училиште, не се виделе осум месеци и се возеле кон градот Пинамар за да уживаат во долгиот викенд, пренесува „Сан“.

 

 

Софија возела Рено Клио кога се судрила со семејство во друго возило.

Патот на кој се случила несреќата е локално познат како „пат на смртта“ затоа што има само една коловозна лента во двата правци.

Loading...

Софија и Чаро, која бил на совозачкото место, починале на самото место.

Микаела била пренесена во истиот центар како и Флоренсија со тешки повреди и подоцна била пренесена во друга болница.

Локалните медиуми јавуваат дека Микаела, која наполнила 26 години додека била хоспитализирана, починала на 21 мај.

 

 

Флоренсија, која била во 33-та недела од бременоста, била подложена на итен царски рез, но за жал го загубила бебето.

Делфина Бурландо, нивната пријателка во чија куќа оделе кога се случи страшната несреќа, се прости од нив на Инстаграм.

Loading...

„Ве сакам, ќе ве сакам засекогаш“, напиша таа.

Засега не е познато која е причината за несреќата, а полицијата соопшти дека станува збор за директен судир.

Leave a Reply