Дронови камикази летаат над Киев, војниците пукаат во нив (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неколку експлозии одекнаа во понеделникот во раните утрински часови во Киев, точно една недела откако Русите го нападнаа главниот град на Украина, пренесе француски АФП.

Агенцијата Ројтерс објави дека нападот го извршиле беспилотни летала – камикази, повикувајќи се на соопштението на Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател.

„Русите мислат дека тоа ќе им помогне“, напиша Јермак преку Телеграм.

Три експлозии се слушнале помеѓу 6:35 и 6:58 часот по локално време.

Сирените го сигнализираа воздушниот напад непосредно пред првата експлозија.

„Од зградата беа спасени 18 лица, но најмалку две лица останаа заробени под урнатините“, информираше градоначалникот на градот Виталиј Кличко.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: Изјавата на Зеленски за изборите е врв на цинизам

БиБиСи Радио 4 Денес разговараше со сведок од Киев за нападите утринава врз градот.

„Во последните два часа, речиси постојано можеме да слушаме експлозии и бучава од дронови кои летаат над нашата зграда. Верувај ми, штом ќе го слушнеш звукот на ракета која лета над вашата зграда или на дрон лета над вашата зграда, ќе ја забележите разликата. Можете да ја почувствувате разликата.Рекетата е повеќе како свирче. Ако зборуваме за дронови, замислете некој огромен мотоцикл од 200 кг да лета над вашата зграда. Навистина е морничаво. Тоа е отприлика на секои 10 или 15 минути. Можеме да слушнеме серија звуци. Можеме да кажеме дека дроновите летаат и потоа нашите сили се обидуваат да ги погодат, на секои 10 или 15 минути“, рече сведокот, пренесува Гардијан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп му дал на Зеленски „неколку дена“ да го прифати мировниот план

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.