Уште еден протест се одржа во Хонг Конг, a незадоволните граѓани се собраа пред конзулатот на Велика Британија за да ја пеат химната „Боже чувај ја кралицата“. Тие сакаат Лондон да застане на нивна страна и да ги заштити од Пекинг како во колонијалната ера.
Стотици илјади демонстранти собрани пред конзулатот сметаат дека кинескиот режим не ги почитува нивните права и слободи утврдени преку „една држава, два система“.
Dozens gather outside the British Consulate-General at noon on Sunday calling on Downing Street to publicly acknowledge that China has violated the Sino-British Joint Declaration and to take action to help Hong Kong.
— Hong Kong Free Press (@HongKongFP) September 15, 2019
In full: https://t.co/kmLJLFCnSX. #hongkong #hongkongprotests pic.twitter.com/YXo5QHqzfB
Хонг Конг ја повикува Велика Британија да направи нешто, а демонстрантите носеа британски знамиња, како и оние што го претставуваат колонијалниот Хонг Конг.
Велика Британија го контролираше Хонг Конг неколку децении, откако го зеде од Кина по Опиумските војни.
Иако е малку веројатно Велика Британија да започне со колонијална војна како што тоа се случило во 19 век, демонстрантите имаат идеја како кралицата би можела да им помогне.
На пример, со обезбедување британско државјанство за секој што поседува британски национален (прекуокеански) пасош – посебен вид документ кој е одобрен за стотици илјади жители на Хонг Конг. Овој пасош овозможува патување без виза во Велика Британија, но само за шест месеци и не вклучува работни привилегии.
About a hundred protesters are waving the Union Jack and playing ’God Save the Queen’ outside the #BritishConsulate. Holding up signs that says “Sino-British Joint Declaration is void” #HongKong #HongKongProtests pic.twitter.com/9d7QHqPwLQ
— Katy Wong (@katywmw) September 15, 2019