Драматични сцени од Ирска: Напад со нож предизвика насилни протести, градот „гори“

Сподели со своите пријатели

Во главниот град на Република Ирска, Даблин, имаше масовни и насилни демонстрации, каде што настана вистински хаос.

Loading...

Сè било предизвикано од напад со нож врз неколку лица, кој се случил попладнето во четвртокот на 23 ноември.

 

 

Во овој инцидент повредени се пет лица, меѓу кои и три деца.

Кога излезе оваа вест, илјадници луѓе излегоа на улиците да протестираат.

Набрзо овие протести станаа насилни, а имаше сериозни судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужна Кореја: Полицијата размислува за апсење на претседателот

 

 

 

Јавниот превоз е во прекин, а граѓаните се советуваат да не излегуваат на улица.

На улица беа испратени вкупно 400 полицајци, а демонстрантите до темел запалија автобус и полициски автомобил.

Покрај тоа, искршени се стакла на повеќе места во центарот на градот, а ограбена е и една продавница, пишува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се чека одлуката на Макрон: Франција денеска добива нов премиер

 

Loading...