Катастрофален земјотрес ги погоди Турција и Сирија, оставајќи стотици луѓе заробени под урнатините. Многумина од нив известуваат на социјалните мрежи и бараат помош, спасувачите да ги најдат и ископаат.
По разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што утрово ги погоди Турција и Сирија, стотици луѓе беа затрупани под урнатините.
Тие објавуваат повици за помош на социјалните мрежи и се обидуваат да ја објаснат локацијата на објектот каде што се закопани.
„Спасете ме ве молам“, гласат статусите кои кружат на Твитер.
Yardım bekliyorum pic.twitter.com/fkGX0WKCsR
— Aysel (@ayselllyeral) February 6, 2023
Така затрупана жена објави фотографија: „Јас сум под урнатините, чекам помош“.
Спасувачите се во трка со времето за да стигнат до живите.
DIYARBAKI- Many people are still waiting for relief and rescue team.
God please save them..
Update- 1006 Killed & 5590 injured.#deprem #Idlib #Syria #DEPREMOLDU #TurkeyEarthquake #Turkey pic.twitter.com/e0SaAXD2VI
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) February 6, 2023
Бројот на загинати и повредени од час во час се зголемува. Според досегашните информации, во Турција загинале над 900 лица, а повредени се над 5.300.
Во Сирија загинале 320 лица, а десетици се ранети.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.