Драматични глетки: Делови од Украина поплавени од урнатата брана (ФОТО/ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Населението од околу 300 куќи во Нова Каховка, на југот на Украина, се евакуира по уривањето на браната на блиската хидроцентрала, објавија проруските власти, пренесува ТАСС.

Loading...

На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од градот на кои се гледа како се зголемува нивото на водата, а самиот центар на градот практично е поплавен.

 

 

Делови од ова место се веќе под вода, а на едно видео се гледа како жител на Нова Каховка се движи по поплавен локален пат.

Водата стигна до центарот на градот до зградата на градската управа.

 

Loading...

 

Снимките од воздух ја покажуваат и драматичната ситуација во градот.

 

 

Потопена е и Палатата на културата, а во негова близина се снимале лебеди.

 

Loading...

 

Браната Каховка во делот на Херсонската област што е под контрола на руските сили утрово се урна во гранатирање, за што меѓусебно меѓусебно се обвинуваат Русија и Украина.

Евакуацијата на населението во областа Нова Каховка, која се наоѓа на брегот на реката Днепар, започна откако се урна браната на хидроцентралата Каховка.

 

 

„Сега ги преместуваме жителите кои се директно на брегот. Градот сѐ уште е под гранатирање. Мислам дека жителите на околу 300 куќи ќе бидат евакуирани и тие веќе се евакуираат сега за да се избегнат жртви“, изјави за ТВ „Русија-24“ Владимир Леонтиев, шеф на проруската општинска администрација.

Loading...

Тој изјави дека штетата на хидроцентралата во Каховка е предизвикана од гранатирањето на Киев и дека тоа предизвикало сериозна штета на животната средина.

 

 

Според него, нивото на водата во реката Днепар во Нова Каховка е зголемено за повеќе од 10 метри поради уривањето на ХЕ Каховка и може да достигне и до 12 метри пред да почне да паѓа.

„Водата порасна, продолжува да расте. Во рок од 72 часа, според прогнозите, ќе почне да опаѓа. Градот е поплавен, авенијата Днепар е веќе под вода. Тоа значи дека водата е покачена за повеќе од 10 метри“, рече Леонтиев.

Loading...

 

 

Украинските власти денеска прогласија тревога и го повикаа цивилното население да се евакуира од потенцијално поплавените подрачја на десниот брег на реката Днепар, поради уништување на дел од браната Нова Каховка.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски закажа итен состанок поради експлозијата на браната Нова Каховка на југот на Украина, објави на Твитер Олексеј Данилов, секретар на Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, пренесува Ројтерс.

Loading...

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.