На социјалните мрежи во Русија се појави снимка од надзорната камера што снимила необична конфронтација меѓу двајцата мажи.
Додека едниот човек пукаше, другиот не се вознемири премногу. Имено, тој најнормално шеташе околу својот супарник. Се се случило на 8 март, а снимката беше објавена следниот ден.
Посебни свадбени обичаи во Русија: Невестата се тепа со гостите (ВИДЕО)
Откако веројатно се расправале, едниот човек започнал да се оддалечува и како што изгледа, да пука од автоматска пушка, најверојатно, калашников.
Друг мирно се движеше кон него, без никаков страв со цел да му го земе оружјето, а во меѓувреме, во еден автомобил се вклучи аларм, пренесува Тввезда.ру.
Човекот кој беше застрелан, од рускиот портал беше наречен Терминатор.
Навидум неважни работи кои се забранети во Русија
Сето ова е снимено од надзорна камера во една од населбите во рускиот град Новосибирск.
Ниту еден куршум не го погодил човекот, а се на крајот завршило само со турканици.
Руските портали велат дека првиот човек најверојатно пукал „ќорци“.
Кога на автобус во Русија му треба шлеп служба, доаѓа тенк (ВИДЕО)
Полицијата работи на проверки на оваа снимка и што е снимено на неа.