Драматичен раст на анскиозност и депресија поради пандемијата

Сподели со своите пријатели

Случаите на анксиозност и депресија ширум светот драстично се зголемија во 2020 година, откриваат истражувачите, со проценети 76 милиони дополнителни случаи на анксиозност и 53 милиони дополнителни случаи на големо депресивно растројство отколку што би се очекувало доколку не се појавеше „Ковид -19“.

Loading...

Најновата студија сугерира дека пандемијата сериозно влијаела врз менталното здравје и дека жените и младите луѓе се со поголема веројатност да бидат погодени отколку мажите или постарите луѓе, објави британскиот дневен весник „Гардијан“.

 

 

„Веруваме дека ова е затоа што жените се со поголема веројатност да бидат погодени од социјалните и економските последици од пандемијата“, вели водечкиот автор д-р Демијан Сантомауро од Универзитетот во Квинсленд.

Според него, жените почесто преземаат дополнителни обврски за грижа и одржување на домаќинството поради затворањето на училиштата или поради тоа што членовите на семејството не се чувствуваат добро.

„Жените исто така имаат помали плати, помалку заштеди и помалку сигурна работа од мажите, така што тие се со поголема веројатност да бидат финансиски ранливи за време на пандемија“, рече Сантомауро.

Loading...

 

 

„Затворањето на училиштата и високообразовните институции, како и пошироките ограничувања, им оневозможи на младите луѓе да комуницираат со своите врсници“, рече Сантомауро, додавајќи дека поверојатно е дека младите луѓе ќе останат невработени по економската криза.