Драма во Виена: Ученик се заканувал со пиштол, специјалци упаднаа во училницата

Сподели со своите пријатели

Специјалната единица Кобра упаднала во училница во училиште во Виена по дојава дека еден од учениците има пиштол со себе.

Loading...

Подоцна било утврдено дека ученикот со себе имал пластична играчка.

„Зградата во моментов е обезбедена. Ова е нормална процедура за проверка на заканите“, рече портпаролката Џулија Шик.

На училиште се појавил со пиштол играчка и заштитен елек, кој се користи во пејнтбол, што ги преплашило другите деца.

Еден од учениците веднаш го пријавил случајот во полиција.

По пријавата, во училиштето се појавиле голем број припадници на полицијата и специјалните единици, а Кобрите дури реагирале и упаднале во една од училниците.

Учениците се уште делумно забарикадирани во училниците.