Драма во тровски центар: Се расправале, степале, па пукале, ранети 6 лица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку шест лица, меѓу кои државјани на Азербејџан и Иран, се ранети во пукотница во трговски центар во Истанбул, пишува весникот „Сабах“.

Loading...

Расправијата меѓу две групи луѓе на пристаништето „Сариер“ брзо прераснала во тепачка, а на крајот дошло до пукање, пишува весникот.

Во инцидентот се повредени шест лица, меѓу кои четворица државјани на Азербејџан, еден на Иран и еден на Турција.

Целиот инцидент е снимен од надзорните камери, пренесува Срна.

Според првите информации, иранскиот државјанин бил само случаен минувач и не бил директно вклучен во конфликтот.

Еден од повредените е пренесен во болница во тешка состојба.

 

 

Loading...