Драма во Барселона: Украл камион со плински боци (видео)

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Барселона уапсила државјанин на Шведска кој украл камион полн со плински боци.

Тој возел во спротивен правец со голема брзина по главната градска сообраќајница, оштетувајќи притоа неколку возила кои му наишле на аптот, соопштила портпаролката на регионалната полиција.

Според нејзините зборови, полицијата испукала неколку куршуми во воздух настојуваќи да го стопира овој маж и притоа никој не е повреден, пренесува АП.

Против осомничениот била покрената истрага и тој се наоѓа на испрашување, рекла таа додавајќи дека поицијата не исклучува ниту една претпоставка.

По терористичките напади во Франција од јули 2015 година во Шпанија на сила се зајакнати безбедносни мерки.

https://www.youtube.com/watch?v=f8ri51276bs

Loading...