Драма во авион: Патниците почнале да крварат од устата и ушите, веднаш бил приземјен

Сподели со своите пријатели

Авион кој летал за САД морал принудно да слета откако на патниците одеднаш почнале да крварат од носот и ушите.

Loading...

Драмата се одвивала на летот на „Делта ер“ од Солт Лејк Сити до Портланд.

Само што полетал авионот се случило нешто незамисливо – неколку патници забележале дека им капе крв од носот и ушите.

Првата реакција на пилотот била итно слетување.

„Слушнав звук на подсвиркване, а потоа наеднаш почувствував болка во десното уво. Ми звучеше како да има зуење во моето уво. А потоа видов крв“, изјави еден патник за Си-Ен-Ен.

Причината за болката брзо стана јасна: проблем со притисокот во кабината.

Падот на притисокот се влошувал од минута во минута, поради што пилотот се вратил назад и слетал во Солт Лејк Сити.

За време на слетувањето во авионот настанала паника.

Loading...

По слетувањето, десет патници морале да добијат лекарска помош.

„Искрено им се извинуваме на сите патници за нивното искуство на летот 1203“, се вели во соопштението на Delta Air.