Жената, која требаше да биде погребана откако беше прогласена за мртва, почна да удира по капакот на ковчегот за време на сопствениот погреб за да ги извести членовите на семејството дека е жива.
Семејството Роуз Изабел Цеспедес Калака се собрало на 26 април во перуанскиот град Ламбаек на нејзиниот погреб. Се веруваше дека таа загинала во сообраќајна несреќа во регионот Чиклајо-Пици во тоа време.
Роднините го носеле нејзиниот ковчег низ гробиштата кога слушнале звуци од ковчегот. Откако го отвориле, ја здогледале Роза со отворени очи со очигледни знаци на живот. Чуварот на гробиштата Хуан Сегундо Кахо изјавил дека ги отворила очите и се препотила и дека веднаш повикал полиција.
Роза остана во ковчегот додека не беше однесена во блиската болница, каде што лекарите потврдија дека таа навистина има витални знаци, иако многу ниски. Иако нејзината состојба малку се подобрила откако била приклучена на апарат за одржување во живот, Роза починала неколку часа подоцна.
Нејзините роднини се револтирани поради тоа што таа воопшто била прогласена за мртва и предадена на погреб. Нејзината тетка, чие име не е објавено, рече дека сакаат да дознаат што се случило.
Полицијата го истражува целиот инцидент и утврдува дали персоналот во регионалната болница Ламбајеке, каде што била првпат згрижена, констатирал смрт и ја испратил во мртовечница без соодветна контрола, пишува Мирор.
Зетот на Роуз починал од тешките повреди што ги добил во истата сообраќајна несреќа, а нејзините тројца внуци, кои патувале со нив, сè уште се во болница и во критична состојба.