Драма на Алјаска: Поларна мечка влегла во село, убила жена и момче

Сподели со своите пријатели

Поларна мечка нападна и уби жена и момче во зафрлено село во западна Алјаска.

Loading...

Полициските службеници соопштија дека вчера околу 14 часот и 30 минути по локално време примиле дојава за напад во Велс, на западниот дел на полуостровот Севард, објави новинската агенција КТУУ.

„Првичните извештаи покажуваат дека поларна мечка влегла во заедницата и бркала повеќе жители. Мечката убила женско лице и малолетно лице. Животното било застрелано од локален жител при напад врз жена и момче“, соопшти полицијата, пренесува Sky News.

Имињата на убиените не се објавени, а полицајци и претставници на Министерството за риба и дивеч планираат да отпатуваат за Велс штом временските услови дозволат, пренесува Index.hr.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци