„Драма изгубена во времето“ вечерва во НУЦК „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

„Драма изгубена во времето“ вечерва премиерно ќе биде изведена на сцената на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Loading...

Станува збор за драма од Сашко Насев – по мотиви на „Темносино, речиси црно“ од Танасис Валтинос, во режија на Владлен Александров.

Во претставата играат: Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ и актерка гостинка во видео Александра Пешевска.

Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се на Кети Пауновска Стевковска, визуелизација на Емил Пачковски, режисер на видео: Никола Поповски, драматургија Симона Тоскиќ, кореографијата е на Тања Китановска Стојковска.

Претставата е посветена на сите лекари, сестри,  и санитарци вклучени во борба против КОВИД 19 и пандемијата.

 

Leave a Reply