ДПИ: Од денес до 1 мај – алкохол ќе се продава до 19 часот

Сподели со своите пријатели

Државниот пазарен инспекторат преку соопштение објавено на официјалната веб страна на ДПИ, ги информира сите угостителски објекти на територија на град Скопје и Република Македонија да се придржуваат кон одредбите на Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење во делот на почитување на работно време, забрана на точење алкохол на малолетници и забрана за пушење на тераси кои се преградени на несоодветен начин, согласно одредбите на Законот за заштита од пушење.
Воедно,  се информираат сите вршители на трговска дејност кои имаат Лиценца за продажба на алкохол дека согласно Законот за трговија се забранува продажба на алкохолни пијалоци од 19:00 до 06:00 во период од 1.10.2015-30.04 2015 година.
Во периодот од 01.05.2015 до 30.09.2015 забраната за продажба на алкохолни пијалоци е од 21:00 до 06:00 наредниот ден.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.