Дознајте каде се најлошите, а каде најдобрите возачи во светот

Сподели со своите пријатели

Многу сметаат дека во Македонија возачите на улиците се лоши, но извршена е и официјална статистичка листа на најлошите и најдобрите возачи.

Loading...

Агенцијата „Статиста“ која во своето истражување ги опфаќа возачите од целиот свет, на листата ги има топ 10-те најдобри и најлошите возачи. Изгледа дека најлоша е ситуацијата во Латинска Америка каде седум од десет земји се од тој дел на светот. Меѓу нив на листата се Ел Салвадор каде возачите се најлоши, а тука се и Гватемала, венецуела, Колумбија, Еквадор, Индонезија и Коста Рика. На листата од европските држави е Романија, а освен неа и Индонезија и Филипини не се земји од Латинска Америка.

Затоа на листата на најдобри возачи има многу Европејци. За најдобри се прогласени Холанѓаните, а потоа тука се и возачите од Латвија, Шведска, Чешка, Белгија, Франција, Италија, Унгарија и Словачка. На листата на најдобрите се и Соединетите Американски Држави.

Македонија по се изгледа е надвор од сите стандарди, затоа што не се наоѓа ниту меѓу најлошите, а дефинитивно не меѓу најдобрите.