Дожд, ветер до 80 километри на час и силни грмотевици најавени за денес

Сподели со своите пријатели

Денес под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот времетоќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дож, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Локално се очекува да наврнат околу 30 л/м2 воден талог, а ветерот да достигнува брзина над 80 километри на час, а ќе има и услови за изолирана појава на град.

Облачно време со дожд и грмежи синоптичарите најавуваат и за Куманово, проследено со ветер со брзина и над 30 километри на час. Максималната дневна температура ќе достигне до 14-от степен, додека минималната во текот на ноќта ќе се спушти на пет степени целзиусови.

Националната хидрометеоролошка служба има издадено две жолти предупредувања, едното се однесува на силен ветер, а другото на опасност од силни грмотевици.

Врнежи од дожд ќе има и во четврток, особено во западните делови. Ќе дува умерен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура, па на планините врнежите ќе поминуваат во снег.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.