Дожд, сонце и ветер во следните денови

Сподели со своите пријатели

 Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и релативно топло, со слаб југозападен и југоисточен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 5 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 9 односно до 18 степени.

Во петок во Македонија се очекува продор на уште еден циклон кој ќе донесе нестабилно време со слаби врнежи од дожд во попладневните часови, претпладне се очекуваат и сончеви периоди.

Максималните дневни температури ќе се движат од 9 до 17 степени.

Во сабота и недела претежно сончево и топло со дневни температури од 11 до 19 односно од 12 до 20 степени.

Намалена видливост на патот од 30 до 50 метри поради магла утринава има на планинските превои Плетвар и Маврово и од 70 до 100 метри на Стража.