Доставува храна среде бура, па започна потрагата по него се со цел да му се донирааат пари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на ГрубХаб за локалните медиуми изјави дека сeуште не успеале да потврдат дали доставувачот е еден од нивните вработени.

Loading...

Бурата Ида го погоди североисточниот брег на Соединетите држави претходно оваа недела, а сегашните бројки велат дека загинале најмалку 41 лице. Властите ги повикаа граѓаните да останат дома, продавниците беа затворени, како и јавниот превоз, но во целиот овој метеж и врева, испораката на храна функционираше.

Човек за кој се верува дека е вработен во познатата услуга за испорака на храна GrubHub, беше снимен како шета низ водата што стигна до неговиот појас во вторникот вечерта, како го турка велосипедот и носи вреќа со храна во другата рака, сето тоа среде бура.

 

 

Видеото објавено на Твитер предизвика жестоки критики упатени до компанијата затоа што не ги прекина испораките во моментот кога властите прогласија вонредна состојба.

Лицето што го сними заработи околу 10.700 долари за правата на снимање, и тие објавија дека сакаат да ги донираат тие пари на доставувачот, но засега доставувачот не е пронајден.

Loading...

Познатата њујоршка политичарка Александрија Окасио-Кортез ја ретвитна објавата на авторот на снимката и ги повика нејзините следбеници да помогнат во потрагата, пренесува Метро.