Досега приведени 46 лица за нападот во Истанбул

Сподели со своите пријатели

Турската полиција приведе 46 лица поврзани со терористичкиот напад во Истанбул, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздаг.

Loading...

Експлозијата се случила вчера попладне во пешачка зона во Истанбул.

Според турскиот потпретседател Фуат Октај, во експлозијата која е окарактеризирана како терористички чин се повредени 81 лице, а 39 се веќе пуштени од болници.

– Досега се приведени 46 лица поврзани со терористичкиот напад – рече Боздаг.

Властите претходно објавија дека е приведено лице осомничено за нападот. Турските медиуми објавија дека осомничената за нападот во Истанбул, во кој животот го загубија шест лица, е државјанка на Сирија и дека признала дека е поврзана со Курдистанската работничка партија, која во земјата е препознаена како терористичка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина досега најжестоко им се закани на демонстрантите