Комисијата за заразни болести утре ќе расправа за тоа како да се регулира движењето за претстојниот викенд со оглед дека муслиманските верници го прославуваат Рамазан Бајрам.
Loading...
Согласно тоа ќе се носи и одлуката кога ќе се отвораат угостителските објекти, рече министерот за здравство Венко Филипче.
– Утре ќе се дискутира за претстојниот викенд и мерките ќе се предложат до Владата. Го најавивме отворањето на угостителските објекти и ги имаме предвид празниците за викендот и ќе ја знаеме одлуката по препораките на експертите утре, рече Филипче.
Никола Ивановски