Доњецка Народна Република отвори амбасада во Русија

Сподели со своите пријатели

Самопрогласената Народна Република Доњецк отвори амбасада во Русија.

Loading...

Амбасадорката Олга Макеева и министерката за надворешни работи Наталија Никонорова изјавија за новинарите дека дипломатите што ја претставуваат ДНР веќе добиле „огромен број“ барања од граѓани кои сакаат да се решат нивните проблеми, пишува рускиот дневен весник Комерсант.

Русија ги призна самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, лоцирани во регионот Донбас во источна Украина, на 21 февруари, три дена пред да ја започне својата инвазија на Украина.

Отворањето на амбасадата на ДНР во Москва, како што јави Си-Ен-Ен, се одржа без присуство на ниту еден висок руски функционер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинската воздушна одбрана уништи 309 руски дронови во текот на ноќта

„Не можеме да славиме овде додека нашите сонародници умираат“, рече Макеева.

Дипломатите, исто така, планираат да „дадат вистинити информации за настаните во ДНР“ и да го зголемат бројот на земји кои ќе ја признаат нејзината независност, наведува Комерсант.

Сирија е единствената земја по Русија која официјално ја признава ДНР. Според Никорова, во моментов се водат разговори за признавање со Северна Кореја.

Макеева изјави дека нејзиниот персонал од 20 луѓе освен што ќе работи со граѓаните, ќе се занимава и со политички прашања.

Loading...

„Мораме да работиме со дипломатските претставништва кои се во Москва. Но, ние исто така треба да обезбедиме вистинити информации за тоа што се случува во ДПР и, се разбира, да ја спроведеме надворешната политика на ДПР во Русија“, рече Макеева.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинската воздушна одбрана уништи 309 руски дронови во текот на ноќта

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.