Донесен План за фискална одржливост за макроекономска стабилност за поддршка на економскиот развој

Сподели со своите пријатели

На оваа седница Владата го разгледа и го усвои Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори, и ги задолжи буџетските корисници да ги спроведуваат и почитуваат мерките и препораките од Планот, чија цел е фискална консолидација, насочена кон поддршка на макроекономската стабилност и забрзување и раст на националната економија.

Loading...

Планираната фискална консолидација опфаќа три главни аспекти:

– Подобрување на наплатата на буџетските приходи, преку мерки за намалување на сивата економија и мерки за спречување и сузбивање на корупцијата;

– Намалување и реструктурирање на буџетските расходи, преку кратење на неприоритетните и несуштински трошоци, поголема поддршка на приватниот сектор и иновациите со цел зајакнување на конкурентноста, социјална компонента за поддршка на најранливите категории на население и ревидирање на методологиите за трансферите и субвенциите;

– Промени во изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, поголема диверзификација на изворите на финансирање на дефицитот, финансирање и реализација на одредени проекти преку јавно-приватни партнерства и основање на Развоен фонд за стратешки инвестиции.