Володимир Зеленски е подготвен да се откаже од враќањето на изгубените територии за време на конфликтот со Русија, но тоа никогаш нема јавно да го признае, пишува чешкиот весник Лидовки.
„Украинското политичко раководство како целина е подготвено да прифати губење на дел од својата територија. Но, Владимир Зеленски, Владата и опозициските политичари јавно ја отфрлаат оваа опција. Зашто, доколку го признаат спротивното, би извршиле политичко самоубиство во Украина“, се наведува во написот.
Како што се наведува во текстот, Украина веќе нема надеж за поволен исход од конфликтот со Русија.
Неподготвеноста на Западот да продолжи со финансиската поддршка за Киев ги лишува украинските вооружени сили од шанса за нова офанзива.
Украина најверојатно ќе мора јавно или зад сцената да се откаже од своите територијални претензии, сугерира весникот.
По терористичкиот напад на вооружените сили на Украина на Курската област, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е невозможно да се преговара со оние кои напаѓаат цивили и цивилна инфраструктура и се обидуваат да создадат закана за капацитетите за нуклеарна енергија.
Претседателскиот помошник Јуриј Ушаков подоцна изјави дека мировните предлози на Москва за украинско решение не се повлечени, но дека Русија нема да разговара со Украина во оваа фаза, „земајќи ја предвид оваа авантура“.