Доналд Трамп – Првиот американски претседател со затворска фотографија

Сподели со своите пријатели

Доналд Трамп е фотографиран безброј пати во текот на децениите, од неговите рани денови како магнат во недвижности, до настапите на реалити ТВ, до неговите бурни четири години поминати во Белата куќа, но неговата фотографија од затвор во Џорџија ќе остане запишана во историјата како прва ваква фотографија на американски претседател.

Loading...

Фотографијата објавена во четвртокот од властите во Џорџија, на која се гледа намуртениот Трамп во затвор во Атланта, само неколку минути откако беше уапсен под повеќе од десетина обвиненија за кривично дело, може да стане најпозната од сите, споделена низ светот од неговите поддржувачи и противници.

Трамп, кој ќе се кандидира за претседател во 2024 година, веќе влезе во историјата како прв поранешен претседател на САД кој се соочи со кривични пријави – не еднаш туку четири пати.

Ова, сепак, беше прв пат тој да се фотографира за затворска фотографија.

За разлика од другите јурисдикции кои го поштедија од тој процес, Џорџија реши да го обработи како и секој друг обвинет, вклучувајќи отпечатоци од прсти и фотографија од затвор.

Трамп е обвинет дека се обидел да го поништи неговиот пораз во државата во 2020 година.

На фотографијата Трамп (77) без насмевка гледа во камерата, со збрчкано чело, стегната вилица и цврсто врзана црвена вратоврска.

Трамп веднаш ја искористи фотографијата за собирање средства, објавувајќи ја на X, мрежата порано позната како Твитер, како и на неговата сопствена платформа за социјални медиуми, Truth Social.

Loading...

Објавата на Платформа Х беше прва за Трамп во повеќе од две и пол години, откако неговиот профил беше забранет по нападот на неговите поддржувачи на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

 

 

Илон Маск, кој оттогаш го купи Твитер, ја врати сметката на Трамп кон крајот на минатата година.

Трамп, исто така, постави фотографија на веб-страницата на неговата кампања со повик за донации, тврдејќи дека е „уапсен иако не извршил никакво кривично дело“.

Лажните фотографии на Трамп кружеа на интернет набргу откако тој првпат беше обвинет на Менхетен во март под обвинение за тајни плаќања на порно ѕвезди пред изборите во 2016 година.

Надвор од затворот во округот Фултон во Атланта, некои поддржувачи на Трамп се прашуваа зошто е потребна фотографијата.

Loading...

„Фотографијата не е потребна и се прави со цел да го повредат. Но, нема“, рече Малколм Дејвис (19).

Други, пак, видоа можност на фотографијата.

„Сакаме да го фотографираат. Сакаме да го ставиме на маици. Ќе се појави низ целиот свет. Тоа ќе биде попопуларна слика од Мона Лиза“, рече Лаура Лумер, поранешна републиканска кандидатка за Конгресот.