Доналд Трамп го соблекоа гол во Лас Вегас: „Кому му текна на оваа идеја?“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Намуртено лице, раце закачени со јажиња и тело – како од мајка родено.

Loading...

Статуа на потполно голиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, висока дури 15 метри и тешка преку 2,7 тони, се појави покрај автопатот во близина на Лас Вегас.

Изработен е од метална арматура обложена со пена и стиропор, а е поставена во саботата на оградена парцела во рамки на проектот „Криво и непристојно“.

 

 

– Ова е смело дело за транспарентноста и ранливоста на јавните личности од светот на политиката – тврдат анонимните креатори на статуата за локалните медиуми.

Тие се нарекуваат уметнички колектив, а нивното дело е проект наречен Кралот нема топки, пренесува The Independent.

Loading...

Тие се надеваат дека оваа статуа ќе поттикне дискусии за транспарентност, или недостаток од неа, во политиката.

Граѓаните беа поканети да размислуваат за политичко влијание.