Граѓаните кои доаѓаат во Македонија повеќе нема да мора да одат во државен карантин, но само под еден услов, нивниот ПРВР тест за коронавирус да биде негативен.
Тестот не треба да биде постар од 72 часа, но и во тој случај треба да се оди во домашна самоизолација.
– На оваа седница е изменета и дополнета и Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови или конвои и со новите промени доколку лицата кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија приложат ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Република Северна Македонија, наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација, информираат од прес службата на Владата.
Никола Ивановски