Доли Партон сними песна што ќе ја објави во 2045 година

Сподели со своите пријатели

Легендарната американска кантри пејачка Доли Партон тајно ја сними песната и ја запечати во својата временска капсула што не би требало да се отвори до 2045 година.
Според светските медиуми, песната била запечатена во „временска капсула“, односно дрвена кутија, и била заклучена во одморалиштето во нејзиниот имот „Доливуд“, отворен во 2015 година.

Loading...

Познатата пејачка во својата неодамна објавена книга „Мојот живот во стихови“ откри дека персоналот на одморалиштето е особено свесен дека кутијата не смее да се отвора во наредниот четвртина век.

 

 

– Тоа ќе биде песна што нема да се слушне дури не се навршат 30 години од отворањето на тоа одморалиште – изјави Доли Партон, како што објави НМЕ.

Таа објасни дека таквата идеја потекнува од нејзиниот менаџмент.

– Тие рекоа: „До тогаш ќе бидеш  мртва“. Реков: „Па, можеби нема. Beќе имам 99 години. Исто така, видов луѓе постари од тие години. На некој начин, чудно е што ме замолија да ја напишам таа мистериозна песна. Јас дури и не знам дали сакам да доживеам сто или не, но никогаш не се знае. Можеби ќе доживеам, и ако е така, ќе бидам на отворањето – рече пејачката.

Loading...

Leave a Reply