Долга ноќ на Табановце: Започна првата селекција на пропуштени бегалци (видео)

Сподели со своите пријатели

Повеќе од триста бегалци биле задржани во текот на ноќта на преминот Табановце од каде бранот бегалци се упатува кон Србија, јави доцна синоќа порталот А1он.

Loading...

Пред објавата на А1он, група активисти на преминот Гевгелија на социјалната мрежа Фејсбук, поточно на фан страната Help the refugees, јавија дека на јужната страна, во воз кон Табановце се пропуштаат само бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан, додека од остантите земји се оставаат надвор.

 За иста состојба во контакт со жителите на Табановце дознавме дека полицијата наводно го подигнала степенот на безбедност, потенцирајќи дека на Табановце, српските гранични власти ги пропуштаат само граѓаните од Сирија, Ирак и Авганистан со видлива присутност на терен, посебно од српска страна.

На Табановце пристигнале и претставници на УНХЦР кои побарале останатите бегалци да бидат сместени на топло за време на ноќта.

Мерката е воведена откако Србија одлучи да го намали протокот на мигранти по нападите во Париз, по што Советот за безбедност на неодамна одржаната седница одлучи Армијата на Република Македонија и Управувачкиот комитет да ги преземат сите потребни мерки во случај на промена на ситуацијата на теренот, во смисла на можни ограничувања на протокот на мигранти во другите држави во Европа, кон кои тие се упатуваат.

Доколку состојбата со протокот на мигранти добие тренд на намалување во другите земји, Советот за безбедност заклучи АРМ и Управувачкиот комитет, како крајна мерка да може да преземат и поставување на барикада со жица на местата на кои ќе се оцени дека е потребно.

Советот за безбедност ја задолжи АРМ веднаш да ги започне сите подготовки и активности за расчистување и подготовка на теренот за евентуално и можно поставување ограда.

Loading...


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.