Доларот стагнира, цената на нафтата порасна

Сподели со своите пријатели

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира, откако минатата недела падна за 1,4 отсто.

Loading...

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,07 поени, како и во петокот при затворањето на пазарот.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 149,35 на 149,55 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0725 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0730 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа, откако минатата недела потонаа за околу 6 отсто.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,44 отсто, на 85,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,57 отсто, на 80,95 долари.