Доларот незначително посилен: Биткоинот под 20-дневниот просек

Сподели со своите пријатели

Американскиот долар денес забележа занемарливо движење во азиското тргување, откако минатонеделните мешани податоци на САД од пазарот на трудот ги олеснија стравувањата на инвеститорите за забрзан крај на монетарниот стимул.

Loading...

Иако најважниот показател за нови работни места во САД ги надмина предвидувањата во јуни, стапката на невработеност се зголеми додека учеството на работната сила не се смени – што укажува на позитивен напредок и им дава простор на Федералните резерви (ФЕД) да чекаат намалување на програмите за купување обврзници или кревање на референтните каматни стапки.

Доларот го забави растот на азиската сесија, но сепак малку зајакна во однос на повеќето валути, пренесува Ројтерс.

 

 

Во однос на доларот од Нов Зеланд, тој напредуваше за околу 0,2 проценти на 0,7017 „киви“ долари, во споредба со јапонскиот јен, забележа раст од околу 0,1 процент на 111,13 јени и зајакна за приближно ист процент во однос на еврото, на $ 1,1853 по евро.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на САД во однос на корпата ривалски валути, стагнираше на ниво од 92.334 поени, на кое беше склучен минатиот петок.

Loading...

Сепак, аналитичарите сметаат дека доларот има простор да зајакне малку повеќе по растот од 2,0 проценти во последните три недели, бидејќи ФЕД ги изненади инвеститорите со најавеното потенцијално зголемување на каматните стапки во 2023 година.

Британската фунта падна за 0,1 процент на 1,3818 долари.

 

 

Трговците оваа недела се фокусираа на записникот од состанокот на ФЕД во јуни, што треба да биде објавен во среда, како и на состанокот на австралиската централна банка, со двата настани кои имаат потенцијал да иницираат движење на валутите од опсегот со кој тргуваа неколку месеци наназад, поради неизвесностите во врска со изгледите за монетарната политика.

На крипто-пазарите, биткоинот денес се тргува под просекот од 20 дена, по цена од 34.119 долари, а етерум падна за 3,0 проценти на 2.252 долари.

Берзата во Њујорк денеска беше затворена поради прославата на Денот на независноста на САД.

Loading...

Leave a Reply