Документарец посветен на Тамара: Кога здравствениот систем убива дете (видео)

Сподели со своите пријатели

Продукција ТЕЛМА денес го објави документарниот филм за смртта на малата Тамара Димовска од Велес која почина по ненавремената операција во странство, откако целата постапка заглави во правната процедура.

Loading...

Иако мајката на девојчето секојднево алармираше за помош со објаснување дека нема време за чекање и дека состојбата од ден на ден се влошува, Тамара почина во велешката болница, а за нејзината операција, државата требаше да изводи  30.000 евра.

По смртта на деветгодишното девојче, на социјалните мрежи се бараше оставка од Тодоров, но, под притисок на јавноста, единствена повикана личност што даде оставка беше директорката на ФЗОМ, Маја Парнаџиева – Змејковска.

Еве ја сторијата за краткиот живот на велешкото девојче кое со искривен рбет, сонуваше еден ден да стане балерина.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.