„Доктор Шустер“ вечерва на репертоарот на „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Претставата „Доктор Шустер“ на театар „Андон Зеко Чајупи“ од Корча, Албанија вечерва ќе се претстави на 22то издание на Меѓународниот театрски фестивал „Денови на комедија“ кој се одржува во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Станува збор за претстава според текстот на Душан Ковачевиќ, а во режија на Ќендрим Ријани.

Loading...

Во претставата играат: Сотираќ братко, Замир Кита, Дритеро Аме, Блерта Бељиу, Шкелќим Јаупи, а интересно е што во оваа претстава како музичари ќе се претстава Ники Петрити и Флори Топра.

Претставата започнува во 20 часот.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *