Доктор објасни зошто никогаш не треба да ги чистите ушите со стапчињата и ги згрози сите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Аудиологот д-р Рис Морис-Барбер објави видео на TikTok за да покаже зошто никогаш не треба да ги чистите ушите со стапчиња!

Loading...

Контроверзноста за правилно чистење на ушите трае со години, а додека некои велат дека памучните стапчиња се вистинскиот пат до чист ушен канал, други велат дека е можно правилно да се исчисти таа празнина само со помош на течност.

„Имаме пациент во ова видео, дојде и се пожали за затнување на ушите. Како што можете да видите, восокот што го извадивме е буквално компресиран. Ова често се случува кога луѓето користат стапчиња за уши”, рекол докторот во навистина непријатно видео – пациентот извади две затки со димензии околу два сантиметри!

„Кога користите чепчиња за уши, не го отстранувате восокот, туку само го туркате уште подлабоко во ушниот канал. Таму се акумулира, се компресира и станува потешко, и зема совршена форма на ушниот канал”, вели тој.

„Пациентот имал зуење во главата, имаше тинитус, се почувствувал затнато. Кога го извадивме восокот, беше јасно дека има вдлабнатина во средината, беше очигледно дека пациентот се обидувал да исчисти со стапчиња и направи вдлабнатина“, рече тој.

Видеото има 11 милиони прегледи, но ве предупредуваме дека е одвратно – вие гледате на сопствен ризик!

 

@earwaxaudiologyassocukPERFECT EAR WAX PLUGS REMOVED #earwax #earwaxremmoval #earwaxing #earwaxcleaning #audiology #audiologist #audiologytiktok #ear

♬ original sound – Ear Wax Removal Audiology Ass’

Loading...