Доколку имате Windows 7 ова задолжително треба да го знаете

Сподели со своите пријатели

Како што веројатно знаете, Мајкрософт ќе го објави последното ажурирање на Windows 7 на 14 јануари следната година (освен за компаниите кои сакаат да платат дополнително за поддршка).

Loading...

Со ова официјално, за многумина, една од најдобрите верзии на Windows OS заминува во пензија.

Сепак, статистичарите велат дека дури 28 проценти од корисниците на Windows сè уште користат Windows 7.

Со оглед на очекуваниот број малициозни напади на овој оперативен систем следната година, многу корисници ќе се запрашаат што да направат за подобро да ги заштитат своите компјутери.

Мајкрософт, се разбира, препорачува да се префрлите на Windows 10. Ако имате лиценца за Windows 7, сепак можете да го направите тоа бесплатно.

Но, ако корисниците тоа го сакале, веројатно досега ќе се префрлеле на новата верзија на оперативниот систем. Значи, вистинското прашање е што треба да направат корисниците на Windows 7 за да бидат што е можно посигурни по 14 јануари?

Првиот чекор е да бидете сигурни дека ќе го инсталирате последното ажурирање на Windows 7 тој ден.

Потоа, мора да изберете безбедносен антивирус (ве потсетуваме дека Windows го „уби“ својот оперативен антивирус, па затоа треба да одлучите за специјализирана алатка за оваа намена).

Loading...

Следното е деинсталирање на Internet Explorer. Никој не го користи како и да е, и во суштина на повеќето компјутери е само голема безбедносна дупка.

MS Office и сите негови компоненти (вклучително и Outlook) треба да се отстранат. Наместо тоа, изберете бесплатна алтернатива или Google Office пакет.

Исклучете ги Java и Adobe Flaxh Player во прелистувачите.

Создадете сметка за „ограничен корисник“ за себе и користете ја наместо администраторска сметка во вашата секојдневна работа.

Leave a Reply