Доколку има потреба полицискиот час ќе продолжи, рече Филипче

Сподели со своите пријатели

Доколку има потреба полицискиот час ќе остане на сила и по 20 април, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче по однос на прашањето за продолжување на рестриктивните мерки.

Loading...

-Веројатно ќе дискутираме викендов и на почеток на следната недела. Ќе ги пратиме бројките и менаџирањето на болниците. Тоа се критериумите по кои анализиравме и до сега. Доколку има потреба рестриктивните мерки ќе продолжат, истакна денеска Филипче.

Министерот смета дека мерките даваат резултати и дека денеска бројот на новозаболени е околу илјада, што вели, потврдува дека кривата е во континуиран пад.

Филипче истакна дека притисокот во болниците е се уште голем, има голема бројка на хоспитализирани.

Никола Ивановски

Leave a Reply