Доколку го знаете одговорот на овие прашања можете да работите во „Гугл“

Сподели со своите пријатели

Џон Милер има над 25 години работа и докторат во областа на компјутерските науки, а работел во најпознатите светски гиганти. На својата работа често вработувал новир аботници и како вели најмногу сака да ги постави овие три лесни прашања на кои нема вистински одговор но, предизвикуваат доста корисна дискусија.

Зошто сте заинтересиани за оваа работа?

Како истакнал ова му помага да разграничи дали кандидатите се заинтересирани за техникит екои се користат, за идејата на тимот во кој треба да бидат, дали им е само грижа да бидат во таа фирма па на било која позиција или само сакаат да имаат работа за одреден период. Ова помага останатиот дел од интервјуто да го ставите во одредена рамка.

Зошто сакате да ја напуштите моменталната работа?

Оваа прашање дава одговор на две работи: Првин, дали постои проблем на претходното работно место кој може да се пренесе и на новото. Друго, дали веќе сте одлучиле да преминете или ви е потребен поттик од новиот работодавач.

Што очекувате да добиете со тоа што ќе работите овде?

На овој начин се проверуваат двете страни. Се дознава дали оној кој сака да се вработи е поготвен за промена, дали е на вистинскиот пат, дали неговит еочекувања се реални. Така гледате да ги мотивира она што можат да го постигнат, да го заработат, научат или добијат звање. Со тоа се покажува во која насока кандидатот сака да ја насочи својата кариера и дали знае каде оди или само го носи плимата на пазарот, вели Џон.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.